Стануваат рано, јадат сезонска храна, вежбаат јога... Сѐ што прават може да ви се види или напорно, или непотребно - џабе ли има јагоди во јануари, макар и прескапи?
Сепак Шеј Витни во видео на Јутјуб има собрано 13 јапонски навики што вреди да се разгледаат.
Вреди да се пие зелен чај, кој е основен пијалак во Јапонија, затоа што е добар за здравјето, дури и смирува. Вреди да се проба со водење дневник затоа што е добро за менталното здравје, разбирањето на себеси и расчистување на маглата во глава.
Вреди да се биде и благодарен - Jапонците често изразуваат благодарност за малите работи во животот и тоа неминовно ги прави посреќни и позадоволни.
Јадат во тишина, затоа што е подобро за дигестија, а и повеќе се ужива во храната.
Вимаваат на балансот меѓу работата и животот. Ги почитуваат постарите. Минималисти се. Спиритуално се обогатуваат.
И нешто што може ќе ви се чини како „ништо посебно“, ама - имаат хобија.
Знаете ли да кажете едно хоби со кое се занимавате?