Јапонската #MeToo икона е номинирана за Оскар, а филмот не ѝ го пуштаат дома

Кога јапонската новинарка Шиори Ито одлучила да прозбори за своето искуство, била свесна дека се исправа пред општество на кое му е подраг молкот.

„Се плашам... Но, само сакам да зборувам за вистината,“ вели таа на почетокот на нејзиниот документарец Black Box Diaries, кој годинава е номиниран за Оскар.

Шиори стана лицето на јапонското #MeToo откако обвини истакнат новинар за силување. Прв пат пробува како режисер, а филмот го носи насловот на нејзините мемоари за потрагата по правда, откако властите не пронашле доволно докази за да покренат кривична постапка.

Не поминува добро. Нејзините поранешни адвокати ја обвинуваат дека вклучила аудио и видео снимки што немала дозвола да ги користи и дека ги загрозила нивните извори. Шиори се брани дека тоа е за „општо добро“.

Тврди дека новинарот Норијуки Јамагучи ја силувал после една вечера во Токио, за што тој од самиот старт одрекува. На безбедносните се камери се гледа како препијана Шиори ја влечат од такси во хотел и ова е дел од повеќе од 400 часа снимки што таа ги има монтирано за документарецот. Адвокатите на прес изјавија дека ова може да претставува проблем во идни слични случаи, од аспект на доверба кај сведоците. Конкретно, се користи аудио од свиркач, видео од таксистот - и двајцата препознатливи на снимките, а без дадена дозвола да ги има на филм.

Официјално објаснување зошто филмот не се дистрибуира сѐ уште нема. Шиори смета дека Јапонија „не е подготвена да зборува за тоа, но нејасно е колку од ова се должи на правни пречки.

Се надева дека и покрај првичните негативни реакции, коментари и закани, сепак ќе може еден ден да го пушти филмот и дома, дури и повеќе отколку што се надева на Оскар.

28 февруари 2025 - 13:17