Како што кажавме, а кажа и интернетот, новата лајфстајл серија на Меган Маркл не ја бива. Тоа не ја спречи Меган да се заблагодари за вниманието посветено на „првата сезона“ и да најави секакви возбуди за втора сезона (ако редење овошје во форма на виножито ви е дефиниција за возбуда).
Според МејлОнлајн, сепак, на одговорните во Нетфликс веќе им е незгодно околу 100 милиони долари-вредниот договор со војводата и војвотката со Сасекс, откако шоуто на Меган начисто пропадна и кај критичари и кај публика.
И покрај фалењето на Меган минатата недела, извори блиски на Нетфликс разјаснуваат дека нема потврда за официјална втора сезона, туку тоа што Меган го вика „втора“ е веќе снимено за време на продукцијата на прва сезона.
„Знам дека ги снимаа епизодите една по друга, па теоретски нема втора сезона,“ вели човек близок до Нетфликс. „Така се прави со многу серии на Нетфликс, веќе се снимени сите работи во исто време. Не, договорот не е обновен.“
Иако Меган го најави ова како успех, излегува дека е претходно снимен материјал, наместо зелено светло за иднината на серијата.
А, видете што прават на ТикТок:
@annabelmaud Analysis: Meghan Markle’s Netflix Show, Episode One. Join me as I nearly puke several times. Episode Two tomorrow…. #meghanmarkle #netflix #withlovemeghan ♬ original sound - Annabel Fenwick Elliott