Не дека ќе се запре со необјаснивите бројки во прегледи на артисти со сомнителен квалитет, ама кога имаме и вакво во светот, можеме барем светлото на крајот на тунелот да го видиме. Нејзините впечатливи, надреални слики веќе стануваат препознатливи и со тоа се согласуваат минимум пет милиони луѓе.
Прв пат се заинтересирала за фотографија после една фото-сесија со професионален фотограф, но во овој правец се придвижила откако го запознала идниот сопруг на колеџ, кој „ѝ покажал дека фотографијата може да биде и потешка - да биде уметност.“
Самите сесии всушност и не бараат многу време - често ѝ траат по 10 минути. Време се троши на подготовки, при кои може да помине и цела недела за собирање на реквизити.
Пораката е одлична - Шејдлин се надева дека нејзините дела ќе инспирираат и „ќе им покажат на луѓето дека не треба да се плашат да бидат поинакви“.
Ја има овде.