Хорор-приказни од организатори на свадби

Свадби <3

Нели обожавате свадби?

Нели е најпрекрасно кога мораш да правиш глупи работи, затоа што некој што го гледаш еднаш во месецот или ниеднаш, решил дека денот мора да му биде совршен?

Нели е совршено кога некој што до вчера си го сакал затоа што ти е сестра, денес сакаш да го задавиш затоа што те тера да идеш на фризер и шминкер во 4 сабајле?

Невести 

Сме имале и убави и достоинствени.

И такви со кои се согласуваме.

И гадни.

И оваа, што заслужи не невеста на денот, него на векот.

Но, тоа не е сè. И не е само до невестите понекогаш - свадбите се плодна почва за еден куп, ама еден куп! проблеми.

На пример, мајката на невестата може да го рашамара шанкерот дека не е доволно ефикасен (а не е, затоа што е сам и сакале да заштедат на персонал). На пример, младоженецот може да не го пробал смокингот кога го земал од шнајдер. Или, свекрвата не поднесува лаванда.

Тоа организаторите на свадби треба ордени за храброст и издржливост да добијат.

5 август 2019 - 14:46