Може ли нигериски невести да станат тренд?

Да, јасно ни е, културолошко присвојување и сè тоа, ама фино е да се види како некои други култури го решаваат концептот - невеста.

Свадбите во Нигерија се веќе индустрија, со гости што се бројат во стотици и забави координирани по боја. Локалец ќе ти каже дека свадба е „многу гласна, многу грандиозна, огромна прослава” (слични сме), каде што семејства и заедници се спојуваат, а често има и две церемонии, една со потрадиционална облека, а друга поблиска до западните трендови.

Има на пример, обичај каде што жените треба да си го препознаат мажот во гужва, или младоженецот треба да си ја открие невестата во парада од покриени жени. Носат накит од слонова коска. И бојата игра улога: се носи црвено (поточно, боја на воловска крв) кога невестата е невина, друга боја ако е бремена.

Фотографот, Лакин Огунбанво истакнува дека церемонијалната помпа прикажува очекување за женственост, по можност да е поважна од индивидуалноста на невестите. А во неговите портрети, жените се женствени, но истовремено и фокусирани на себе, идиосинкратични и кралски. 

Многу, многу е добро.

На пример, ти се јавуваат во 11 сабајле и ти викаат ај, дојди на кафе. И ти доаѓаш вака:

И ти викаат, па нели мразиш портокалово? И ти викаш, ау да бе, и се враќаш и доаѓаш вака:

И те гледаат и ти викаат, а добро, вака може. А они изгледаат вака:

Какво утринско кафе ќе биде тоа.

28 мај 2019 - 11:48