
За разлика од пластиката, хартијата впива, омекнува и постепено се распаѓа, а кај газираните пијалаци, ова не е само прашање на текстура, туку и на вкус, кој тука губи на острина. Причината е порозната структура на хартијата: овозможува побрзо ослободување на јаглерод диоксидот, па меурчињата не траат, а со нив, и причината поради која ни текнало да го пиеме сокот.
Има и уште еден, потивок детаљ: вкусот на самата цевка - како да пиеш сок од картон.
Поважното прашање е дали оваа гњаважа е оправдана, затоа што сите би ги користеле ако стварно толку им помагаат на желките. Значи, хартиените цевки се биоразградливи и се распаѓаат значително побрзо од пластичните - во тој поглед навистина се чекор напред, особено кога станува збор за отпадот што завршува во природата.
Ама па, не е чиста победа - производството на хартија бара ресурси - вода, енергија, хемиски третмани. За да не се распаднат веднаш, често дополнително ги обработуваат, што ја заматува нивната „еко“ предност. А и најважно - цевките се мал дел од вкупниот пластичен отпад. Симболиката некому му била побитна од реалниот ефект.
Тука се отвора интересна перспектива. Можеби хартиените цевки не се решение, туку доказ, да речеме - дека како терсене-раса сме спремни и да жртвуваме незабележливи удопства, ама барем да биде реално корисно.
Наједноставната поента останува иста: најеколошката цевка е сè уште цевката што нема да ја употребиш.