Џуди Денч за стареењето

„Еднаш, една млада жена ме праша, што мислиш за стареењето?“ има изјавено Џуди Денч во една прилика.

Мислам дека да старееш е подарок. Не би заменила ништо што имам сега за неколку брчки помалку и рамен стомак. Кому му е гајле дали ќе изберам да читам, или да играм на компјутер до 4 наутро и ќе спијам до којзнае кога?

Кому му е гајле дали ќе танцувам сама на музика од ‘50-те?

Што ако подоцна сакам да заплачам за изгубена љубов?

И ако шетам по плажа во костим за капење и го однесам моето дебелко тело да потоне меѓу брановите и покрај тие што сè уште носат бикини… И тие ќе остарат, ако имаат среќа.

Се гордеам што живеам доволно долго да ми побеле косата и да ја задржам насмевката од мојата младост, од времето кога немаше толку длабоки линии на моето лице.

Не сакам да се жалам за она што не било, или да се грижам што ќе биде. Во времето што ми е останато, едноставно ќе го сакам животот исто како што сум го сакала досега.

Чисто ако се туфкавте како годинава на плажа, кога веќе не почнавте да вежбате и да јадете магла на време. Слушајте ја Џуди.

17 јуни 2024 - 13:07