Џ.К. Роулинг кажа дека поддржува возрасни транс-лица и сега транс-лобито не знае како да реагира

Џ.К. Роулинг, авторката на серијалот Хари Потер, до сега многу пати истакна дека нема намера да се тргне од страната на жените кои имаат потреба од личен простор, без опасност од мажи, донираше за женски организации и поддржуваше закони за заштита на жени.

Се бунеше против бришење на зборот „жени“ од јазикот, се бунеше против инхибитори за пубертет кај деца и заради сето ова беше пречекана со омраза и палење книги и многу, многу закани и клетви.

На ништо од ова не се потресе, не престана да поддржува возрасни што си бркаат работа и претставници на ЛГБТ популацијата.

Последно што се случи и со кое некои луѓе не знаат како да се справат е што, на нечие обраќање, во одбрана на луѓето кои не се чувствуваат свои во сопствената кожа (коментар, кој е сега избришан), Роулинг рече:

„Воопшто не ме лути. Отсекогаш сум верувала дека возрасните со родова дисфорија можат да најдат мир само после операција и земање хормони. Мило ми е што си среќна.“

Магазинот them веќе пелтечи и потсетува на „целата непоправлива штета што ја има нанесено на транс-популацијата“ и сепак не се снаоѓа со „неочекуваната“ подршка од писателката.

Сепак, изгледа не им се слушало претходно, затоа што Роулинг во ниеден момент не ги напаѓаше транс-лицата кои си бркаат работа и се трудат да живеат како што им се живее без да пречат никому:

„Го почитувам правото на секоја транс-личност да живее на начин автентичен и удобен за него или неа. Ќе марширам со вас ако сте дискрминирани врз основа на тоа што сте транс. Во исто време, мојот живот е моделиран во однос на тоа што сум жена. И не мислам дека правам штета со тоа што ќе го кажам тоа.“

Потоа, спомна транс-жена со која се дружи:

„Објективно гледано, има физички карактеристики што го прават очигледен фактот дека не е родена како жена, но е нежна и забавна личност и никогаш не сум кажала за неа нешто друго освен „таа“ и „неа“. Совршено ми е лесно да си ги сфатам моите симпатии кон неа и моето искуство со неа како некој со многу женска енергија, со верување дека нема буквално променето пол (а и таа не верува дека има променето пол)“.

Вознемиреното толкување на овие аргументи на Роулинг е тука.

А имавме и:

Не е лесно да си контра Џ.К. Роулинг

Амнести ѝ се извини на Џ.К. Роулинг

Мисли ли некој на силувачите? Не, само на себе мислите

25 август 2026 - 00:00