Амнести ѝ се извини на Џ. К. Роулинг

Една од најголемите светски организации за човекови права, Amnesty International UK, јавно ѝ се извини на Роулинг поради објавување на извештај поврзан со организациите што таа ги поддржува.

Проблемот почна кога Amnesty UK објави документ во кој одредени организации и поединци беа поврзани со таканареченото „анти-права“ движење. Меѓу споменатите беше и Beira’s Place, центар за поддршка на жени жртви на сексуално насилство во Единбург, основан со поддршка на Роулинг.

За хејтерите на Роулинг е неприфатливо што во Беирас Плејс не примаат никакви мажи, па ни такви што се сметаат себеси за жени. Не дека некој мрази транс-жени, туку проблематични се официјалните ставови и закони во Велика Британија - ако маж само каже дека е жена, автоматски има право на женски простори, а со тоа и на женски затвори и женски центри за заштита. Што тогаш би спречило еден насилник да влезе во шелтер за жени како „жена“ и да си ја најде жртвата што избегала од него? Поради овој и рој примери што можат да настанат, авторката остро реагираше, оценувајќи дека е неприфатливо организации кои обезбедуваат услуги исклучиво за жени да бидат претставени како противници на човековите права.

По реакциите, Amnesty International UK ги повлече документите и соопшти дека биле објавени без да поминат низ вообичаената внатрешна процедура за проверка и одобрување (ајде?). Организацијата призна дека процесот не бил испочитуван, се извини за начинот на кој извештаите биле објавени и најави независна ревизија на случајот.

Роулинг со години тврди дека не е против трансродовите лица, туку дека се залага за зачувување на правната категорија биолошки пол, особено кога станува збор за женски засолништа, спорт и други простори наменети исклучиво за жени. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции, а таа стана една од најконтроверзните јавни личности во дебатата за родовиот идентитет.

Во моментов се расправа со музичар кој се кара со неа на интернет дека нема смисла што не му признава дека е жена:

4 август 2026 - 11:50