Не е лесно да си контра Џ.К. Роулинг

Откако актерката Ема Вотсон во емисија кај Џеј Шети кажа нешто од типот „јас ја сакам и покрај нејзините проблематични ставови“, а огромен број медиуми го пренесоа тоа, Роулинг реши да се обрати.

Прво како вовед, авторката на серијалот Хари Потер се залага за женски права и конкретно правото на простори само за жени (нешто што е оспорено во денешно време бидејќи постојат и луѓе што се родени како мажи, а се идентификуваат како жени). Веќе пишувавме за Тројцата милионери против жената што ги создаде и Пак им е нешто кривакнигите ќе ги палеа), а сега има реакција и на најновото од Вотсон:

Гледам многу коментари на темава, па би сакала да кажам неколку поенти.

Не ми должи вечна благодарност кој било актер што некогаш играл лик што сум го создала. Идејата е еднакво ненормална колку и јас да го прашувам шефот што го имав на 21 година какви мислења смеам да имам денес.

Ема Вотсон и нејзините колеги ги имаат сите права да прифатат идеологии на родов идентитет. Таквите верувања се законски заштитени и не би сакала да видам дека на некој од нив му се заканува отказ, насилство или смрт заради тоа.

Сепак, особено Ема (Вотсон) и Дан(иел Радклиф) во последниве години се однесуваат како поранешната професионална асоцијација со мене да им дава право - не, обврска - да ме критикуваат мене и моите мислења во јавност. Години откако престанаа да глумат во Потер, продолжија да ја преземаат улогата на претставници на светот што јас го создадов.

Кога познаваш луѓе уште од кога имале десет години, тешко е да го отфрлиш тоа едно заштитничко однесување. Сѐ до неодамна, не можев да ја истресам сликата на деца на кои им требаше соработка на дијалог во големо, страшно филмско студио. Последниве неколку години, постојано одбивав покани од новинари да коментирам за Ема посебно, особено за Ловот на вештерки на ЏК Роулинг. Иронично, на продуцентите им реков дека не сакам таа да биде оштетена како резултат на нешто што јас сум го кажала.

Телевизискиот презентер во клипов што го додавам тука го истакнува на Ема говорот за „сите вештерки“ и реално, тоа ми беше пресвртна точка, но имаше и пост скриптум што болеше многу повеќе од самиот говор. Ема побара некој да ми предаде рачно напишана порака од неа до мене, што содржеше една реченица „Жал ми е што поминуваш низ ова“ (а го има мојот телефонски број). Ова беше во време кога заканите кон мене со смрт, силување и измачување беа достигнати до врв, кога морав да ги појачам личните мерки за безбедност и постојано се грижев за безбедноста на моето семејство. Ема јавно долеа масло на огнот, а сепак мислеше дека една реченица за загриженост ќе ми ја долови нејзината емпатија и љубезност.

Како и другите луѓе што искусиле живот заштитен од богатство и слава, Ема има толку малку искуство од реалниот живот што не е ни свесна колку не знае. Никогаш нема да ѝ треба шелтер за бездомници. Никогаш нема да ја стават во мешано болничко крило. Ќе се шокирам ако воопшто била во соблекувална од детството наваму. Нејзиниот „јавен тоалет“ е за еден корисник и доаѓа со обезбедување што стои пред врата. Дали морала да се соблекува во соблекувални во јавен базен каде што можат да влезат двата пола? Дали некогаш ќе ѝ треба државен центар за жртви на силување што одбива да гарантира простории само за жени? Да се најде како дели затворска ќелија со силувач што се идентификувал како жена и влегол во женски затвор?

Јас на 14 години не бев мултимилионерка. Живеев во сиромаштија и ја напишав книгата што ја направи Ема славна. Затоа и разбирам од сопственото искуство што поништувањето на правата на другите жени во кое Ема така ентузијастично учествува им значи на жените и девојчињата без нејзините привилегии.

Најголемата иронија е, да не решеше Ема во последното интервју да објави дека ме сака и ме цени - промена во ставот што мислам дека ја има затоа што забележала дека гласните осудувања кон мене веќе не се толку модерни како што беа - немаше да бидам олку искрена.

Возрасните не можат да очекуваат удобно да се сместат во некој активизам што редовно повикува на атентат на нивниот пријател, па да тврдат дека го сакаат тој поранешен пријател како да им е мајка. Ема има слобода да не се согласува со мене и да ги дискутира нејзините чувства за мене во јавност, но јас ја имам истата слобода и конечно решив да ја искористам.

-Твитер-објава на Џ.К. Роулинг

А еве го клипот што го споделува:

И уште многу на темава - тука

30 септември 2025 - 14:46