Џин Иглс - актерката со првата постхумна номинација за Оскар

Ја добила за изведбата во The Letter од 1929, откако одненадеж умрела на 39-годишна возраст и ова е прва постхумна номинација за било кој актер, маж или жена.

Во септември 1929, Иглс била на успешна операција за третирање на чирови на очите, предизвикани од синуситис. Две недели по операцијата, на 3 октомври, Иглс се спремала да излезе во град, ѝ се слошило и ја однеле во приватна болница. Во чекалната, добила напад и умрела.

Се направиле три аутопсии за три месеци и лекарите стигнале до три различни заклучоци за причината за смртта: алкохол, седативот хлорал хидрат, или хероин. Сите супстанци веројатно ги имала во организмот кога починала и капак бил седативот што го добила од првиот лекар што ја примил и се мисли дека тоа била дозата што го преплавила организмот.

Иако не се знаело во јавност, Иглс имала долга историја со проблеми со дрога и алкохол. Главните во нејзиното студио се труделе до максимум да ги сокријат овие информации и тврделе дека честите одења „до санаториум“ се заради наследна болест. Кога умрела, нејзиниот менаџер инсистирал дека имала удар и вистината не се откривала долго потоа.

Нејзиниот живот е претставен на филм во 1957 - „Џин Иглс“ со Ким Новак. Се работи за фиктивна биографија што ја маскира вистината за нјезиниот живот, но не доволно, бидејќи семејството на Иглс ги тужело „Колумбија Пикчрс“ за начинот на кој била претставена во филмот.

Сценаристот Ноел Кауард рекол: „Од сите актерки што сум ги видел, ниедна не била како Џин Иглс,“ а сценаристката номинирана за Оскар и пријателка на Иглс, Рут Гордон, рекла дека е „Најубавата личност што сум ја видела и ако ја видевте, ќе беше најубавата личност што ВИЕ сте ја виделе.“

The Letter, замислете, го има цел на Јутјуб:

27 јуни 2024 - 11:50