Има едно постаро видео со најавениот потпретседател на Трамп, Џ.Д. Ванс каде што во основа вели дека демократите се „куп бездетни мачкарки“. Ова го кажува кај Такер Карлсон, и плус кажува дека луѓе без деца „немаат директен влог“ во иднината на земјата.
JD Vance says women who haven’t given birth like Kamala Harris are “childless cat ladies who are miserable at their own lives,” and have “no direct stake” in America. pic.twitter.com/3DJY3pQTGe
— Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) July 22, 2024
„Не можам да верувам дека ова доаѓа од потенцијален потпретседател на САД,“ напиша Анистон на Инстаграм. „Само ќе кажам… Г-не Ванс, се молам ќерка ви да има доволно среќа да може да роди свои деца еден ден. Се надевам дека нема да треба да се обидува со ин витро како втора опција. Затоа што и тоа сакате да ѝ го одземете.“
Анистон има зборувано претходно за нејзината битка со ин витрото.
„Базичен факт е,“ вели Ванс во клипот, „ги гледаш Камала Харис, Пит Бутигиг, АОЦ, целата иднина на демократите ја контролираат луѓе без деца.“
Харис е инаку маќеа на децата на нејзиниот сопруг, на возраст од 29 и 25 години. Ванс има три мали.
Инаку Џенифер Анистон веќе има зборувано колку ѝ паѓале тешко шпекулациите за бременост.
„Сите тие години и години шпекулации… Беше многу тешко. Се мачев со ин витро, пиев кинески чаеви, сè правев. Сè би дала некој да ми кажеше: замрзни си јајце-клетки. Направи си услуга. Едноставно не мислиш на тоа.“
Имаше и есеј за Хафингтон Пост, каде што во 2016 сподели колку ѝ е преку глава од луѓето што ја замараат.
„Еве што имам да кажам на темава. Комплетни сме со или без партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво кога се работи за нашите тела. Таа одлука е наша и само наша. Да ја донесеме таа одлука за себе и за младите жени во светов кои во нас гледаат пример. Да ја донесеме свесно, надвор од таблоидната врева. Не треба да сме мажени или мајки за да бидеме целосни. Сами одлучуваме кое е нашето „среќно засекогаш“.