Наводно, нападот се случил во 2000, кога и двајцата имале околу 30 години. Во тужбата се наведува дека сексуално злоупотребиле 13-годишно девојче, додека женска славна личност гледала. Диди во моментов лежи во затвор обвинет за трговија со секс, рекетирање и транспорт со цел проституција, одрекува за сè и чека судење. За овој случај, во тужбата е наведено и дека жртвата успеала да избега и да стигне до бензинска станица во близина и да побара помош.
Џеј Зи одговори на обвинувањата преку изјава на профилот на неговата издавачка куќа, Roc Nation.
„Мојот адвокат прими обид за уцена, наречен барање, од „адвокат“ со име Тони Базби. Пресметал дека природата на овие наводи и окото на јавноста ќе ме натера да се спогодам,“ напиша Џеј Зи. „Не, г-не, имаше спротивен ефект! Ме натера да те разоткријам каков измамник си на МНОГУ јавен начин. Значи не, нема да ти дадам ни пени!!
Овие тврдења се од толку ужасна природа, што ве преколнувам да поднесете кривична пријава, не граѓанска тужба!! Кој и да извршил вакво дело врз малолетник треба да биде затворен, не се согласувате?
Не знам како сте станале вакво грозно човечко суштество, г-не Базби, но ве уверувам дека такви како Вас сум видел многу пати. И тоа како сум подготвен да се справам со таквите како Вас. Тврдите дека сте војник? Војниците се познати по храброст, а Вие немате ни чест, ни достоинство.
Единствено ми е жал за моето семејство. Со жена ми ќе мораме да ги седнеме децата, од кои едно е на возраст кога другарчињата ќе прочитаат вести и ќе ја прашаат за овие тврдења и ќе мора да ѝ објасниме за суровоста и алчноста на луѓето.“
Шон Диди Комбс е обвинет за сексуална злоупотреба на 120 лица, од кои 25 малолетници. Адвокатот Тони Базби тврди дека многу јавни личности се вмешани, или сведоци и додека не ги „пречешла“ сите изјави и не ги поткрепи со докази, не може да ги каже јавно.
Види и: 20 најбизарни видеа од Диди