
Просторот од 630 квадрати го имаше купено во 2016 и го имаше претворено во своја Барби-верзија. Има 6 спални и 7 купатила, розеви ѕидови, завеси и лустери. Ако се прашуваат луѓето што го следеа него и неговите влогови од ентериерот, веројатно најбитен елемент во старата куќа беше розевиот сеф каде што чуваше луксузни дизајнерски парчиња во вредност од милиони долари и за кој имаше најмено чувар што стоеше пред него 24 часа.
Од надвор изгледаше вака:

Со скромни две гаражи и малку простор за уште некоја кола, па веројатно сакал да се прошири: Џефри Стар има девет коли, меѓу кои и розев Ролс Ројс.
Понатаму, претсобје:

Претсобје од друг агол:

Салон:

Премин кон салон?

Тоалет:


Кујна:

Сефот:


Зошто ја продава?
Затоа што се пресели овде:

Поточно:

Односно:

Куќиче од 14.6 милиони долари, за кое треба да посветиме цела друга статија од што е просто - ненормално колку е обемно.
Патем, розевата куќа ја купил ортопед-хирург, но не ни е познато дали ќе реновира или ќе ја остави таква.