На Инстаграм, Кејси Хо или @blogilates, минатиот месец објави неколку дотерани фотографии каде што прикажува како нејзиното тело би изгледало доколку пратела мода низ одредени историски периоди, сè со една порака:
„Ве молам третирајте си го телото со љубов и почит и не подлегнувајте на стандардот за убавина. Прифатете си го телото затоа што тоа е ВАШЕ лично совршено тело.”
2010-2018
Големи задници, широки колкови, минијатурен струк и полни усни. Огромен интерес за пластична хирургија за вметнување на импланти за задник, благодарение на Инстаграм-моделите и нивните belfies (селфи од газ). Дури и пластични хирурзи стануваат славни на Инстаграм.
Средина на ’90-ти до прва деценија на 2000-та
Големи цицки, рамен стомак и простор меѓу бутови. Во 2010-та, зголемување на гради е најчеста операција во САД. Време на Ангелите на Викторијас Сикрет. Фигурата е висока, тенка и секогаш има долги нозе и големи гради.
Рани ’90-ти
Слабото е ин. Остри коски на лицето, неухранетост, и супер-слабо доминира на писти и списанија. Има и име - хероин шик.
1950-ти
Песочен часовник. Идеални се мерките на Елизабет Тејлор. Публиката се лигави по благо заобленото тело на Мерилин Монро. Се рекламираат апчиња за здебелување и пополнување. Оваа деценија се појавуваат Плејбој и Барби.
1920-ти
Да изгледаш како момче, андрогено и убаво, со минимални гради и лењир фигура е ин. За разлика од Викторијанската ера, жените избираат да ги сокријат облините и си ги лепат градите со платно за да направат фигура погодна за флапер-фустани.
1400-1700
Ренесанса - Полна фигура, со заоблен стомак, големи колкови и богато деколте. Да изгледаш ухрането е знак на богатство и статус. Само сиромашните се слаби.
„Зошто ги третираме нашите тела како што ја третираме модата?” ќе праша Кејси Хо на крајот на објавата. „’Градите се аут! Задниците се ин!’ Реалноста е дека обработката на нашите тела е многу поопасна од обработката на облека. Доста се расфрлате со телата како да се брза мода.”