Дизни почна да гази по јајца за „Снежана“

После целиот шитсторм што си го качи на грб со новата „Снежана“ и несреќните изјави на Рејчел Зеглер  околу содржината, Дизни дува и на јогурт.

Една од огромните премиери на филмот што требаше да биде во Лондон на 21 март, 2025 - нема да биде огромна, напротив. Дизни ќе организира само неколку прес-настани. Според извори,

„Дизни веќе очекуваат анти-воук проблеми и реакции против „Снежана“ и го празнат медиумскиот распоред за да останат само неколку многу контролирани прес-настани. Затоа и го прават овој крајно невообичаен чекор да немаат премиера во Лондон и прашањата за Рејчел Зеглер ги сведуваат на минимум.“

„Снежана“ веќе имаше низа контроверзи, уште кога Зеглер се најави како главна улога, а не одговара со описот. Потоа оригиналниот цртан филм го нарече „застарен“, а Принцот „сталкер“. Измените на изворниот материјал ја разлутија публиката и главно, коментарите се сведуваа на „измислување нови воук глупости.“

Тизерот има милион дислајкови на Јутјуб, така што, допрва ќе видиме дали ова глобално негодување ќе донесе милијарди на начин на кој на Меган Маркл ѝ носи милиони, или ќе пропадне.

10 март 2025 - 09:34