Дваесет години откако имаше премиера како дел од колекцијата пролет/лето 2000 на Џон Галијано за Диор, се враќа, овој пат на машка гардероба. Претходно, ако ви текне, во историја го внесе Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо, а подоцна, и понебитно, Ким Кардашијан го врати, ама не беше исто.
Можеби, само можеби е малку глуп, ама тоа не значи дека помалку го обожаваат. И дека не е - iconic.
По ново, го имаме во најлонско, органза сако, чорапи, дури и во интерпретација на јавачката ташна на Диор. Луѓето пресреќни.
Среќа (веројатно 20 поминати години си го прават своето), овој пат изгледа попријатно.