Деценијата низ лоши велнес трендови

Од 2010-2020 добивме наплив на велнес финти и трендови, кои од своите опскурни каналчиња влегоа во мејнстрим и на мала и на голема врата

Терминот „велнес” е првпат склопен во ’50-ти, кога луѓето сфатиле дека здравјето е многу повеќе од пиење апче откако ќе ти се случи проблем. Сега терминот е толку навлезен во секојдневие, што тешко може да се замисли неделата без да видиме или чуеме нешто ново што обавезно на некој таму му помогнало.

Не само што често е трескање глупости, туку и профит носи. Бидејќи терминот е толку нејасен (нели, тешко е да дадеш аргумент на ‘слушај си го телото’), плус и онака на сите им е мизерно многу голем дел од времето, претставува совршено плодна почва за онакви бизнис-ориентед типови да вметнат производи на пазарот кои, според последните извештаи, на индустријата ѝ носат 4,2 трилиони долари.

Да видиме што сте пробале од ова што следи.

Забелешка: Некои, како на пример бр. 1 се фини новитети, или одамна важат за добри, како 23, иако имаат недостатоци, па затоа и се на список.

1. Менструални чашки

2. ММА

3. Шејквејт (тегот што ти се тресе во рака)

4. Џусирање (прочистување со пиење само природни сокови)

5. Микродозирање

6. Кељ

7. Кето

8. Криотерапија

9. Јони јајце (мора да видите што е)

10. Стоење на биро (наместо седење)

11. Корпоративен велнес

12. Супа од коска

13. Колаген

14. Чија

15. Киноа

16. Фитбит

17. Невакцинирање деца

18. Медитација

19. Јаболков оцет

20. Мајндфулнес

21. Кокосова вода

22. Органски менструални производи

23. Активен јаглен

24. Протеини

25. Детокс со чај

26. Вртимушки

27. Инсенити

28. Непробојно кафе (булетпруф, кафе со путер)

29. Есенцијални масла

30. Месечината

31. Whole30 диета

32. Чистење заби со масло

33. Гумени бомбони за коса

34. Периодично постење

35. Комбуха

36. Апликации за фитнес

37. Секакви млека

38. Мача

39. Кросфит

40. Кристали

41. Палео

Ако не сте пробале ништо од ова, тогаш барем еден човек во вашето опкружување ве има отечено со нешто.

Секое чудо од горенаведените е убаво објаснето овде.

17 декември 2019 - 15:40