Дали Викенд стварно вака се унакази?

Неколку пати се појави со завои и модрици, дури и настапуваше така, ама крајниот резултат некако не ти дава да веруваш дека во денешно време е можно некој да се заебе како старлета со изгубен критериум.

За неупатените, ова е еден од најслушаните пејачи со рекорди во слушаност и продажба. Сега откако ја тргнавме таа пречка, го имаме спотот за песната Save Your Tears, каде што се појавува во неговата „униформа за 2020“, според The Cut - црвен блејзер и црни ракавици и фаца од кошмар.

Публиката прво не можеше да се одлучи дали е можно - се појавил со преврзана глава во неколку наврати, на Џими Кимел со преврзан нос, модар и крвав на настапот на VMA, така што - што е приказната? И полуди појави сме виделе од славни фаци, а и овој конкретно одамна зборува за влијанието што Мајкл Џексон го имал на неговата кариера. Некои од фановите имаа теорија и дека пластичната операција е хистеричен напад кон неговата бивша - Бела Хадид.

Сепак, излегува дека The Weeknd игра лик, базиран на неговиот последен студиски албум, After Hours. Како Саша Барон Коен што го има Борат, пејачот го креирал овој бизарен уметник со мртов поглед за илустрација на штетноста на претерувањето.

Барем, така изгледа. Спотовите што излегоа откако албумот отиде во продажба кон крајот на 2019, се вртат околу приказната за еден уметник чиј живот составен од претерувања вртоглаво паѓа кон хаос, лудило и нарцизам.

Така што, фала богу, вештачко е тоа на сликата - и е дело на истите луѓе што ѝ ги прават маските на Хајди Клум.

12 јануари 2021 - 15:04