Нецелосна листа на животни што дедо ми ги има донесено дома во текот на неговиот 67-годишен брак со баба ми:
- Анабел, целосно бел и комплетно глув пит-бул што на мајка ми ѝ дозволувал да му црта по стомакот
- Најгрдиот мачор на светот кој излегло дека е најмилото маче за гушкање
- Кокер-шпаниел со име Captain
- Мачката Stupid
- Цело легло бебиња-ракуни
- Уште три мачки
- Комплетно ќелав и екстремно анксиозен канаринец кој пеел преубаво, но само во 4 наутро
- Бебе-верверичка што пораснала во куќата и одбивала да си оди
- Вистински расен тркачки коњ кој бил спектакуларен спортист, но имал навика да трча во погрешна насока
- Желка
- Насртлива желка
- Кофа со 43 златни рипки останата од панаѓур
- Уште еден кокер-шпаниел со име Major со одличен талент за бесшумно јадење боранија
- Црвеноопашест сокол што го нашол на автопат и го излечил и го пуштил
- Кучето Strange што живеело под тремот и во куќата влегувало само навечер
- „Напуштено“ срнче
- Spooky (Језив), наводно куче
- Џои папагалот што знаел да:
1. Пие чај од мало шољиче
2. Се заканува дека ќе им ги ископа очите на луѓето
3. Носи шешири - Многу голема жаба што ја нашол зад фабриката, затоа што другите работници дискутирале да ја користат да вежбаат пукање. Се викал Мистер Грампити (Лутко) и ѝ бил омилено донесено животно на мајка му
- Гречен, бернардинка што морале да ја избричат поради негрижата на претходниот сопственик и поминала една недела толку добро сокриена дома што мислеле дека избегала
- Пожар, Пљачка и Убиство (Arson, Burglary, Murder), три преслатки мачиња. Имињата не им ги смениле и покрај тоа што се нервирал полицаецот што живеел три куќи подолу
- Уште еден кокер-шпаниел, со име Colonel
- Кардинал-птица
- Канадска гуска (Демон)
- Еднаш во домот за стари имаше и црвен елен со рогови со 12 шпицови кој доаѓал да се чешка и да јаде пченка, необјасниво наречен Флоренс.
Бракот им заврши само затоа што им заврши нивното време на светов. Никогаш не зачува животно што баба ми не го дозволи, односно, таа беше и полоша од него.
Таа донесе тарантула дома.
Како што вели и еден коментар, какви прекрасни човечки суштества.