Брендовите треба да учат од Стенли Кап

Тоа е оној термос што го гледате на сите можни тиктокови.

Повремено, на светот на маркетингот му се случува таква хистерија, што добива свој културолошки момент - како Адидас Стен Смит, или Покемон Гоу.

Сепак, феноменот Stanley Cup е богами за мастерклас кога ќе се земе предвид моќта да избереш право време за маркетинг, правилно поставување на производот (во рацете на инфлуенсери) и на тоа да додадеш хајп. Човекот што треба да го држи мастеркласот е Теренс Рајли, и името може не ви е познато, ама затоа - Крокс познато ви е?

Е па, запрете на момент и размислете за каков човек се работи кога и од Крокс успеа да направи обувка што е во ред да се носи. Не само што е во ред, туку луѓето и грдни пари даваат на тоа, Крокс инспирираше и Баленсијага колекции и сосема ни се влезени во секојдневието.

Што е тоа што го направи Stanley Cup производ што до толку мора да се има, што и верни (а и глупи) копии се произведуваат?

2 јули 2024 - 00:00