NPC е кратенка од Non-Playing Character, оние ликови во игри што се ставени за интеракција со главниот лик и програмирани само на две-три движења.
Еве, нека ви текне:
Имало и добри видеа на таа тема, како во клипов тука:
Некои и го играат, само е нејасно дали сфаќаат што прави, или мислат дека не е добар, па му го прават ќеифот. Работата е што ова е забавна видео-содржина на интернет. На такви сме навикнати, колку и да се чудни.
Феноменот на ТикТок оди малку подлабоко и не престанува да биде бизарен. На ТикТок, луѓе прават лајв што може да трае и со саати, каде што ги повторуваат истите движења и чекаат „бакшиш“ во вид на емоџи - секое емоџи има различна вредност и по „перформансот“ можат да си ги искешираат на сметка.
@xiaomaosocute 🧚♀️🧚♀️🧚♀️ #humandoll #npc #npclivestream ♬ nhạc nền - Pig Cat~🐷ASMR x NPC🐱~ - Cat_小貓🐱~
Tи да пуштиш такво емоџи, треба да уплатиш за него, што значи дека луѓе плаќаат грдни пари да гледаат како некој мрда во луп.
@ricardorochadasil4 Natuecoco live npc part 1 @夏絵ココ👒💓無言配信 #npc #kawaii #cutecat #japan #natuecoco ♬ som original - Ricardo Rocha
Освен фетиш-аголот што го прави сето ова поразбирливо (кои сме ние да им судиме на луѓето за фетиши што не прават никому зло), на лајвот се закачуваат и други типови на луѓе. Едни гледаат од љубопитност, на други им е забавно, трети гледаат за да се нервираат, а четврти посветено чекаат „ликот“ да згреши и да излезе од улогата. Се случувало да се во втор саат снимање, да им влезе родено дете и да го скараат нешто, за набрзо после тоа да се вратат на работа. Ова покажува уште еден незгоден факт - не се ова само деца и тинејџери на кои им одбива на глупост. Има таму и возрасни луѓе со деца. На еден му дојде и инспекција за станот на врата.
Најмногу пари изгледа се добиваат ако некој ти пушти пуканки-емоџи. Затоа им текнало на изведувачите дека е паметно да се држи пегла за коса во рака, во неа да се става зрно пченка за пуканки и така да се прават пуканки една по една. На пример (ова е таа што го закара детето во друго видео):
@pinkydollreal Money gun 🤍❤️🤍 #pinkydoll #viral #pourtoipage #foryoupage #ptp #fashionnova #queennpc #npc #moneygun #fyp ♬ original sound - Pinkydoll
Објаснување баш и нема. Едноставно, луѓето ќе гледаат сè и ќе даваат пари за неверојатни работи. И нема да престане да биде чуден начин на функционирање, ма колку и да сакаат некои медиуми да им помине дека „секогаш ви пречи кога гледате како жени заработуваат на интернет, затоа што се жени.“
Џејми Френч има и коментар на сето тоа - слободно нека заработуваат, сме виделе и пострашно, не е ова нешто што може да повреди деца.
Ама, сепак, нели треба да поразговараме на темава?