Асиметрични фармерки сме немале до сега

Не побаравме, ама ги добивме.

Дизајнерката Ксенија Шнајдер ги смисли - една тесна ногавица и една ѕвонарка на еден пар фармерки.

А бе… Барем има материјал на нив. Ако мора да се бира меѓу овие и асиметричниве - вториве бар вршат работа.

Сè уште ги нема во продажба и не знаеме дали ќе излудат големите дуќани по нив, па да ги гледаме кај стигнеме, ама затоа баш овие на Шнајдер се достапни за нарачување и чинат - 374 долари.

Можете вие тоа поинаку - ископајте од ѕвонарките купени и складирани во 2002-ра, па на обичен шнајдер, па шетајте ги така. И нема да бидат над 300 евра.

Не е прв пат да се изживуваат со тексас. Пишувавме еднаш и за една каиш-сукња од 405 долари. А кога сме веќе кај 2002-ра, едно време се закануваше со враќање и феноменот наречен „танга што се ѕирка од фармерки”.

А тек сме до пола јануари. Којзнае што ќе смислат до крај на година.

15 јануари 2019 - 12:07