Барем имаат џебови

Нели отсекогаш сте сакале фармерки што се останати само на шевови? Не? Па добро, има.

Фармерките што никој не ги побара? Фармерките што не се ни фармерки? 

Одамна жените се борат за џебови, само што, никако да победиме, бе. Ова како кога почнаа да се бунат дека многу слаби манекенки имало, па рекоа „добро ај и дебели”, а ги заборавија тие во средина. Сега што ќе речат, „нели де џебови сакавте?”? 

Сакавме, ама не по цена на целата фармерка.

Кармар, еден бренд што произведува фармерки базиран во Лос Анџелес ги продава овие „екстремно исечени” фармерки кои оставаат „многу малку на имагинацијата” иако на нас не би ни текнало на нив.

Бидејќи само тоа и можат да пофалат, тврдат дека „шевовите им се многу цврсти”, плус ќе ги добиете со појасот, со патент и сето тоа за само 168 долари!

Нема подобар начин да проверите дали смеете со фармерки на работа.

2 мај 2018 - 20:15