Катастрофата лежи во тоа што огромен број на луѓе што немаат желба да живеат со некого и не се ни скроени за тоа - се секојдневно соочени со притисок да влезат во заеднички живот, главно со поразителни резултати за сите инволвирани.
Од клучна важност за среќата на еден пар, а и на секој посебно што е дел од тој пар е да се вежбаат сите добри причини зошто е во ред да се помине животот без некого. Само доколку сингл-животот стане комплетно еднаков со неговата алтернатива можеме да бидеме сигурни дека луѓето ќе бидат слободни во своите избори и ќе стануваат парови од вистинските причини: затоа што сакаат некого, наместо затоа што се преплашени да не останат сами.
Така што, доколку ви фалат оправдувања зошто сте сингл:
- Треба да препознаеме дека идејата да се биде длабоко вљубен во некого за цел живот (романтична љубов) е многу нов, амбициозен и чуден концепт, стар само 250 години. Пред тоа, луѓето секако дека живееле заедно, но немале некои високи очекувања за блажена среќа во тој заеднички живот. Се работело за договори од сосема практични причини - преживување и деца. И историски е чудно да се очекува постоењето на концептот „среќна двојка“. Добар романтичен брак е теоретски возможен, но може може да биде и мала веројатноста да се достигне - статистички на околу 5 до 10 проценти од луѓето ќе им успее. Како општество ја имаме нормализирано оваа длабока аномалија.
- Оние што бираат да останат сингл не треба да се сметаат за неромантични. Може да се каже и дека се поромантични од останатите, што веројатно води до незаинтересираност за отворените можности. Иако е знак на зрелост да знаеш како да сакаш и да живееш со некого, може да биде знак на уште поголема зрелост да се прифати дека некои луѓе едноставно не се способни за живеење во двојка.
- Некогаш, најлогичната реакција кога некој навистина ти се допаѓа е свесно да избереш да не живееш со него - затоа што е речиси невозможно да кохабитираш и да не си подложен на евентуална фамилијарност, незадоволство и неблагодарност.
- Кога си сам си поштеден од постојани потсетници колку си тежок и чуден. Никој не ти држи огледало, не ти ги забележува чудните моменти и не ти бара објаснување за нив. Ако имаш среќа, можеби и можеш да се толерираш себеси, дури и да си се допаднеш.
Сепак, сето ова не налага дека живеењето сам не носи никакви проблеми. Недостатоци имаат и двата животни стилови: сингл животот носи осаменост; парот носи загушливост, лутина и фрустрација. Вистината е дека едноставно - не сме баш најспособни да бидеме среќни во која и ситуација да се наоѓаме. Веројатно ќе наоѓаме мани без разлика на брачниот статус - што самото по себе е аргумент и дека не треба да се втрчува во врска, и дека не треба да се брза да се излезе од неа.