5 совети од жена што симнала 90 кила

„Едно утро, додека се спремав за работа, се погледнав во огледало и паднав во очај,“ раскажува 30-годишната Блер. „Здравјето ми се влошуваше и веќе ме болеше и движењето и стоењето.“

 

Тој момент, на 14 септември, 2017, го памти како ден кога добила откровение - дека нема да слабее за да биде згодна, туку затоа што не сака да умре. Имала 28 години, 160 кила и заклучила дека би било фино да доживее 30.

И еве ја.

Според нејзе, сега работите се многу поинакви, со акцент на тоа дека не мора да мисли на сопствената величина пред да направи било што. Не летала со авион од 2014, затоа што се плашела дека нема да ја собере на седиште, не можела да пешачи во природа затоа што имала физичка болка - наспроти сега, кога вели дека „може да живее, наместо само да постои.“

Петте важни моменти на кои инсистира:

Наоѓање на вистинската мотивација

Слабеела и претходно и секогаш ја враќала тежината. Овој пат, мотивација ѝ било здравјето, а не што ќе речат другите. Сакала да биде здрава, да биде активна заедно со браќата и еден ден да има деца.

Следење на храната

Имала едноставна апликација за следење калории. Се фокусирала на нив за да добие некаква идеја што внесува во себе и какви треба да бидат порциите.

Приготвување оброци порано

За време на викендите, спремала оброци со здрави намирници за цела недела. Претходно јадела брза храна, нешто лесно за спремање или нешто што воопшто не бара труд како чипсови. Сега приготвува оброци однапред, главно со лосос и пилешко, плус зеленчук.

Нејзе ѝ успеало со кето

Да, еден куп трендови се појавија и секој се колне во своите резултати - кај Блер успеало со кето исхрана. Неколку месеци откако почнала да внимава, почнала и со кето, исхрана дизајнирана за телото да влезе во состојба на кетоза - ниско ниво на јагленхидрати и согорување масти.

Фокусирање на исхрана наместо на вежбање

Истакнува дека губењето на прекумерната тежина кај нејзе главно се должи на паметни избори при исхраната, а не вежбање. Успеала да симне 22 кила пред периодот во кој планирала вежбање, но го повредила коленото додека вежбала и морала да престане. Единствените вежби сега ѝ се активности во природа како велосипед и пешачење.

„Секогаш можеш да си го вратиш здравјето,“ вели на крај. „Само мораш да имаш трпение со себе и да не се откажуваш.“

Можеби ќе се запрашате како денешниот, плус-сајз интернет дозволува вакви објави но, да се потсетиме: Дебел и здрав не постои.

28 јануари 2021 - 12:38