5 работи што се носат во Париз во моментов

На Париз не му е лесно во моментов - Парламентот му е распуштен и му спремаат Олимпијада, ама па мора во нешто да се облечеш и да излезеш, нели?

Полин Арженсон е заменик-директор за настани во Францускиот конзулат во Њујорк, а претходно била консултант за маркетинг, настани и ВИП инфлуенсери, па нејзиниот поглед на нештата се важи.

Таа на пример кажува дека ако се раководиме според париските улици, слободно можеме да носиме фустани (и друго) со точки. Се враќаат и се комбинираат со сите летни трендови што можат да ви паднат на памет, вклучувајќи и сребрени балетанки и папучи.

Не се знае како, ама втора работа е леопардски принт. Ете, не знаеме, ама Париз наводно го носи. Со тоа што, го комбинира многу естетски издржано, па треба да се внимава - тенка е границата меѓу шик и певаљка. А сепак, Арженсон коментира дека

„Како кожата и тексасот, леопардскиот принт останува безвременски, симболизирајќи елеганција уште од една ревија на Диор од 1947. Во Париз го лепат на сè, од проѕирни фустани и макси капути, до хеланки и чевли.“

Поинтересно и помалку видено од првиве две - балетанки со нитни, како на Алаја. Од овој бренд се конкретно мери-џејнс, ама секакви балетанки, со секакви нитни се интересни како за периодов.

Патем, од Алаја се 1290 долари, па може ќе треба алтернатива, ама само пишете studded ballerinas и ќе излезе нешто.

И уште свилени сукњи (не сме носеле од рани 2000-ти) и кошули на риги (исто).

Копајте по плакари, или ѕирнете по град - овие две ствари се потенцијална класика, па може и вредат за инвестиција.

Сепак, од сè ова, ако баш ви е дојдено до инвестиција - еве ги. Грди, а сепак... хм.

25 јуни 2024 - 23:13