Зошто нема велосипеди во пост-апокалиптичните филмови?
29 јануари 2013
Артан Груби беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.
Одлуката е донесена по истекот на законскиот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог а пасошот не му бил вратен.
Артан Груби, кој беше прв вицепремиер во претходната влада на СДСМ и ДУИ, е второобвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службена положба и овластување и штета од 9,7 милиони евра во државната компанија.
По 14 месеци бегство, Груб се врати во Македонија и беше упасен, но по проценка на МВР и АНБ, во притворското одделение во Шуто Оризари не можело да се гарантира неговата безбедност па беше ставен во домашен притвор.