- Вредноста на златото првпат во историјата ја надмина психолошката граница од 3.000 долари за една унца (28,35 грама).
- Само од почетокот на оваа година, цената на златото се зголемила за 14 отсто.
- Златото традиционално се смета за најбезбедна инвестиција во време на инфлација или економска нестабилност. Таква нестабилност се очекува како последица на царинските војни што американскиот претседател Доналд Трамп ги почна со светот.
- Инвеститорите проценуваат дека златото сè уште не ја достигнало максималната вредност, која до крајот на годинава би можела да стаса до 3.300 долари за унца.
- Додека земјата се справува со длабока економска промена, Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
- Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
- „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
- Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди.
- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.