- Лани претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година, анализираат „Пари“.
- МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Заклучно со ноември 2020-та,доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, дел од нив се од минатиот век.
- Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра.
- Европската комисија го отфрли барањето од Киев за неповратна помош од 220 милиони евра наменети за украинските земјоделци погодени од руските напади врз пристаништата во Црно Море.
- Штетата за земјоделците ќе биде амортизирана преку заем со ниска камата од 250 милиони долари од Светската банка.
- „Тоа повеќе или помалку ќе ни овозможи да преживееме до Нова Година. Но, сега веќе мора да размислиме што ќе се случи од напролет, бидејќи ситуацијата е критична“, изјави министерот за земјоделство Тарас Висоцки.
- Министерот завчера во Брисел ја повикал ЕУ да издвои 1,1 милијарда евра за проект за пренасочување на украинскиот земјоделски извоз преку „солидарни коридори“, кои се помалку изложени на руската блокада.
- Премиерот Сергеј Корецки објави дека Украина ќе потроши најмалку 155 милијарди долари за војната со Русија оваа година. Дефицитот во буџетот за одбрана изнесува 27 милијарди долари.
- Парламентот на Норвешка од денеска почнува јавна истрага за врските на дипломати и политичари со осудениот американски злосторник Џефри Епстин, кој почина во затвор во Њујорк. Во милионите документи од досието на Епстин, објавени во јануари, беа откриени неговите врски со норвешки политичари, дипломати, влијателни богаташи и членови на кралското семејство.
- Парламентарниот комитет повика на сослушување 11 сегашни и поранешни министри, вклучувајќи го и актуелниот премиер Јонас Гар Стере, кој беше министер за надворешни работи од 2005 до 2012 година. Ќе сведочи и Берге Бренде, кој поради скандалот поднесе оставка од функцијата директор на Светскиот економски форум.
- Поранешниот министер за развој Ерик Солхајм, кој треба да биде сослушан денеска, изјави дека истрагата е „претерана реакција што ќе ја задуши надворешната служба и ќе им наштети на националните интереси“.
- На сослушување не се повикани политичарите за кои полицијата веќе отвори истрага поради обвиненија за корупција - поранешниот премиер Торбјорн Јагланд, министерот Терје Род-Ларсен и дипломатката Мона Јул. Нема да сведочи ниту кралицата Мете-Марит, сопруга на кралот Хакон, која јавно се извини за своето пријателство со Епстин.
- „Владата мора да објасни што прави за да ја врати довербата во надворешната служба“, изјави Јонас Андерсен Сајед, водач на сослушувањето во парламентарниот Комитет за надзор и уставни прашања.