Претседателот Володимир Зеленски потпиша нов закон со кој антисемитизмот се прогласува за кривично дело во Украина, со казни до осум години затвор.
Во членот за „кршење на еднаквоста на граѓаните врз основа на нивната раса, националност, религиозни верувања или попреченост“, сега е додадено и „манифестации на антисемитизам“.
„Поттикнувањето антисемитизам“ сега ќе биде казниво со 200 до 500 „минимални приходи“ (660 до 1.600 евра), со условна казна од 5 години или затвор до три години. Ако притоа се констатираат насилство, измама и закани, казната е до 5 години затвор. Ако антисемитизмот е извршен од организирана група или ако има сериозни последици, казните се од 5 до 8 години затвор.
Во 2021 година Украина усвои и посебен Закон за спречување и борба против антисемитизмот, во кој не беа предвидени затворски казни. За форми на антисемитизам беа дефинирани негирање на правото на самоидентификација на Евреи, повици за убиство или оправдување на убиство на Евреи или предизвикување штета поради радикални идеологии или екстремистички религиозни ставови.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.