Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Затворски казни за десетмина што ја тролале Брижит Макрон

5 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Париски суд им изрече затворски и други казни на осум мажи и две жени поради тврдењата дека Брижит Макрон, првата дама на Франција, всушност била родена како маж. 
  • На еден од обвинетите му е изречен шестмесечен затвор, а осуммина добија условни казни од 4 до 8 месеци затвор. Дополнителните казни вклучуваат парична отштета и посетување предавања за подигање на свеста за сајбер вознемирување. На петмина им е суспендиран профилот на социјалните медиуми на кој ги објавиле критиките.
  • Десеттемина, чии имиња не се објавени, се прогласени виновни за ширење лажни вести и за вознемирување преку интернет преку „злонамерни коментари“ за полот и сексуалноста на Брижит Макрон, или затоа што како „педофилија“ го оцениле тоа што е 24 години постара од нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон.
  • Во јавноста одамна се проширија гласини дека Брижит Макрон е родена како машко и дека вистинското име ѝ е Жан-Мишел Троње. Претседателот Емануел Макрон и првата дама долго време ги игнорираа овие написи, но лани се решија да тужат поради нарушување на угледот.
  • Судот ја отфрли одбраната на обвинетите дека нивните објави биле сатира. „Ова е ужасно. Одвратно е. Слободата на говорот во Франција повеќе не постои“, изјави писателот Бертран Шолер, кому му е изречена шестмесечната условна затворска казна.
извор

Флорида забрани социологија на државните универзитети

3 април 2026
  • Share
  • Post
  • Образовните  власти  во Флорида им забранија на јавните универзитети да вклучуваат курсеви по социологија, како дел од мерките на гувернерот Рон ДеСантис против актуелниот модел на образование во оваа федерална држава. 

  • Потегот е реакција на гневот и отпорот од страна на професорите по социологија и синдикатите на факултетите во врска со новите учебници, опишани како „навреда на академската слобода“ и „осиромашена верзија на науката“.

  • Властите ја гледаат социологијата како научна маска зад која се кријат идеолошки и родови агенди. Еден од ректорите на јавен универзитет од Фллорида изјави: „Ние не ја убивме социологијата, таа изврши самоубиство.“

извор

Руски милијардер најде решение за економијата: да се работи 6 дена по 12 часа

2 април 2026
  • Share
  • Post
  • Додека земјата се справува со длабока економска промена,  Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
  • Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
  • „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
  • Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Најспремниот судија во светот

Фудбал
2

Претседател на македонски клуб уапсен во Турција поради шверц на злато

3

Сељачење на висока нога

Балканштина
4

Како воjната во Иран ја сруши либералната фасада на Дубаи

Разно
5

Јокиќ ја завршува сезоната 2025/2026 со трипл-дабл во просек

Кошарка
6

Имам 47 години, сингл сум и немам деца. Кој ќе ме чува кога ќе остарам?

7

Гатузо може да се смири, се најде начин како да одат на Светско

Фудбал
8

Фудбалерски изјави, босански стил

Балканштина
1

Како воjната во Иран ја сруши либералната фасада на Дубаи

Разно
2

Би ја предале возачката на пет години за 25.000 евра?

Урбан
3

Со нова метода, престанало страдањето на Ведрана Рудан

4

Отворено писмо од иранскиот претседател до американскиот народ

5

Дали Џони Кеш го уби човекот во Рино?

Музика
6

Трамп на Американците им спискал 100 милиони долари само за голф

7

Ленче Ристовска поднесе оставка како јавен обвинител

8

Следни мети на Иран се големите американски технолошки компании

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како во Србија се навива за ректор

Балканштина

Сељачење на висока нога

Балканштина

Фудбалерски изјави, босански стил

Балканштина

Српски политички дијалог

Балканштина

Стоп за врсничкото насилство

Балканштина

Српски коментаторски таленти 2

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Двеста евра

Extreme makeover: Чакаларов

Нервозен хаику

Со други зборови, му се рика

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy