- Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа и во сите владини институции, за влегување на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена една доза вакцина, прележан ковид-19 пред не повеќе од 45 дена, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа направен на сопствен трошок или потврда од лекар специјлист дека не смеат да примат вакцина.
- 30 дена рок за вакцинирање на сите здравствени работници.
- Препорака за МВР да го унапреди својот систем за контрола на сертификатите преку користење на апликации.
- Француски апелациски суд ја потврди вината на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од ЕУ, но ѝ ја скрати забраната за извршување јавна функција од 5 години и ѝ остави можност да се кандидира на претседателските избори идната година.
- Судот ѝ изрече 30 месеци условен затвор, кој веќе го отслужи, и 15 месеци носење електронска алка за следење, што може да ѝ направи сериозни логистички проблеми за време на предизборната кампања.
- Судија дополнително ќе ги одреди часовите кога таа може да биде отсутна од својот дом и да ѝ го ограничи движењето. Ле Пен би можела да побара алката да ѝ биде отстранета по неколку месеци поради добро однесување.
- Соочена со вакви ограничувања, на лидерката на француската десница ѝ останува самата да одлучи дали ќе се кандидира. Ако реши да се повлече, кандидат на десницата ќе биде нејзиниот заменик и политички наследник Жордан Бардела. И двајцата, според досегашните анкети, би освоиле најмногу гласови во првиот круг од изборите в година.
- Казната за Ле Пен произлегува од обвиненијата дека функционери од нејзината партија Национален собир злоупотребиле средства од Европскиот парламент наменети за асистенти. Таа ги отфрла обвинувањата и тврди дека е жртва на политички прогон за да биде елиминирана од трката за претседател.
- Литванија, поранешна советска република и сегашна членка на НАТО, ќе ја укине забраната за поставување нуклеарно оружје на нејзина територија за да се интегрира во западниот одбранбен систем за одвраќање на Русија.
- „Геополитичката ситуација се влошува. Нашиот Устав беше напишан во време кога геополитичките околности беа сосема поинакви“, изјави претседателот Гитанас Науседа.
- Набрзо потоа група од 50 литвански пратеници поднесоа предлог-амандман на Уставот за да ја овозможат промената на стратегиската определба. За да се усвои, неопходно е да добие поддршка од двотретинско мнозинство пратеници на две гласања во период од три месеци.
- Парламентот на Финска во јуни изгласа целосна забрана на нуклеарно оружје за да се усогласи со политиката на одвраќање на НАТО, по приклучувањето кон Алијансата во 2023 година. Законот овозможува внесување, транспорт, чување или поседување нуклеарно оружје, доколку тоа го налага нејзината воена одбрана.