- На шестиот Вики Камп одржан во Струга, младите активисти за слободни содржини на семрежната енциклопедија ги здружија силите создавајќи статии преку дружба и заеднички уредувања. И овојпат во организација на Викимедија МКД, кампот бил посветен на климатските промени.
- Трудот резултирал со создавање нови 215 статии на македонски јазик на оваа глобална платформа. Иницијативата има за цел да ја збогати содржината на Википедија на македонски јазик, како и да ги едуцира младите во користење и придонесување кон слободните енциклопедиски знаења.
- Викимедија МКД несебично ги користи своите волонтерски капацитети за читателската публика да создаде што поголем број бесплатни и добропотврдени енциклопедиски содржини.
- Европската Унија не успеа да го потврди начелниот договор за укинување на санкциите против руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман.
- Франција и Словачка, кои инсистираат да бидат укинати мерките против милијардерот Усманов, и Луксембург, кој го бара истото за Фридман, синоќа постигнале компромис со другите членки - двајцата олигарси да бидат избришани од „црниот список“, во замена за продолжување на санкциите за три години, наместо за шест месеци.
- Летонија, сепак, се спротивставила на овој договор, поради што преговорите ќе продолжат денеска, кога завршува важноста на претходните санкции за Русија усвоени во март.
- Санкциите опфаќаат забрана за визи и замрзнување на сметките. Усманов и Фридман се на списокот уште од почетокот на војната во 2022 година.
- Париз очекува во „замена“ за бришење на Усманов од листата да бидат ослободени двајца француски државјани приведени во Азербејџан, а Фридман побарува од Луксембург компензација од 15 милијарди евра во арбитражна постапка за национализиран имот.
- САД воведуваат нови санкции за Техеран со кои очекуваат да ги исклучат сите ирански авиокомпании од меѓународниот сообраќај.
- Санкциите се однесуваат на аеродромските оператори и доставувачите на гориво и други поврзани услуги.
- „На 23 септември, сите ирански авиокомпании ќе бидат приземјени ширум светот. Ако слетаат, не смее да им се обезбеди гориво. Не смее да им се дадат услуги за слетување, ниту да им се продаваат билети. Во спротивно, ќе бидат исклучени од доларскиот систем“, изјави министерот за финансии Скот Бесент.
- Министерот изјави дека САД ќе преземат поостри секундарни мерки и против сите банки во светот што вршат трансакции со Иран: „Знаеме кои се. Тие знаат кои се, и ние ставаме крај на тоа“.
- Бесент не прецизираше дали притисокот ќе трае „една недела, еден месец или шест месеци“, но истакна дека е „најстрогиот досега“.