Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

За Германците во пензија плус 2.000 евра ако останат на работа

15 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германските пензионери што ќе се решат да продолжат да работат, ќе добиваат плата до 2.000 евра, без даноци, згора на пензијата. На платата ќе се плаќа социјално осигурување.
  • Шемата Aktivrente би требало да се спроведува од јануари. Канцеларот Мерц објави дека ова ќе помогне да се надмине економската стагнација на земјата и недостатокот од квалификувана работна сила како последица од демографската криза.
  • Во следната деценија во Германија во пензија ќе заминат околу 4,8 милиони луѓе, што е 9% од вкупната работна сила. Без најмногу работници ќе останат градежништвото, образованието и здравството.
  • Активната пензија ќе биде овозможена за сите лица по возразста за задолжително пензионирање од 67 години, освен за јавни службеници, трговци, земјоделци и шумари.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
4

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
5

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
6

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
7

Наполи има нов тренер

8

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
6

Важна информација за битолчани

7

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

8

Имигрантите зад бумот на ВИ во САД

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Перо Антиќ за нив е Хегел

Невидливото малцинство во Грција

Бугарскиот народ се наполни со багра

Одговор точка гов

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy