- Во голема полициска акција се апсат лица од поранешното раководство на ЕСМ и РЕК „Битола“ осомничени за злоупотреба на јавни набавки.
- Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на ЕСМ и РЕК Васко Ковачевски, но полицијата не го нашла дома.
- Последните информации се дека Ковачевски не е во Македонија и тој ја има напуштено државата уште во септември. Се шпекулира дека е во Виена.
- Според неофицијални информации објавени од медиумите, станува збор за 23 осомничени физички лица и две правни. Акцијата се спроведува во Скопје, Битола, Велес и Кичево, се однесува на злоупотреби во РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.
- На крајот од оваа или почетокот на следната година, во Хрватска ќе биде активирана задолжителната воена служба, која беше замрзната на почетокот на 2008 година.
- Освен воена обука на регрутите, ќе биде овозможена цивилна воена служба за оние кои ќе поднесат приговор на совеста. Тоа е за оние кои од религиозни, морални или други причини не сакаат да држат оружје во рацете и да се обучуваат за стандардни воени должности.
- Таквите, цивилниот рок на службата ќе го отслужуваат во Цивилна заштита или во единициите на локална и регионална самоуправа.
- Војска ќе се служи два месеца и за тоа ќе се добие надокнада од 1.100 евра. Оние со цивилно служење ќе добиваат битно помалку, 250 евра месечно.
- На поранешниот француски претседател Никола Саркози му е одземено највисокото одликување во Франција, признанието Легија на честа.
- Ова следи по неговата пресуда за корупција во случај кога беше прогласен за виновен за нелегални обиди за добивање услуги од судија.
- Саркози е вториот француски шеф на држава на кого му е одземена наградата, после Филип Петен, кој го предводеше колаборационистичкиот режим на Виши за време на Втората светска војна и беше осуден во август 1945 година за велепредавство и заговор со нацистичките окупатори.
- Емануел Макрон беше против одземање на признанието на Саркози, со објаснување дека „поранешните претседатели треба да бидат почитувани.“ Мисли на себе човекот за утре, задутре.
- Легијата на честа, највисокиот француски орден за цивилни и воени заслуги, е создадена во 1802 година од Наполеон Бонапарта.