Во плаќања со картички, наши луѓе изгореле 693 илјади евра
14 април 2025
- За една година, за 80,15 проценти е зголемен бројот на измамите направени во трансакциите со картички. Предизвиканата штета во 2024 е повисока за сериозни 135,27 насто споредено со вкупната сума од 2023 година.
- На удар најчесто се граѓаните, а „мека“ за дубарите од овој вид се онлајн нарачките, односно е-трговијата. Фирмите се имаат опаметено па нивните измами бележат пад.
- Минатата година биле измамени 9.891 физичко лице и 511 правни субјекти. Вкупно биле олеснети за 693.100 евра.