- ДИК Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега во вториот круг за важечки ќе се сметаат и ливчињата на кои нема да има печат од Изборниот одбор.
- Во членот 109 став 2 од Изборниот законик стои: „Гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот“.
- Се сеќавате кога на Левица ѝ беа одбиени речисси 2.000 приговори зашто немале печат?
- Коментар од Твитер: „ДИК си донеле нова одлука: додека не тепа Петре, ќе има прегласување“.
- ЕДИТ: Ја поништиле својата одлука и го вратиле старото упатство
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната во Средоземно Море, откако Киев потврди дека нападнал два руски брода кај либиското пристаниште Бенгази.
- Украински беспилотни летала во неделата нападнаа руски воен брод закотвен во пристаништето во Бенгази, како и трговски брод што плови под малтешко знаме, во близина на брегот. Повредени беа десет лица.
- „Го знаете мојот став за Украина, но војната не смее и не може да биде проширена во Медитеранот. Мораме да бидеме јасни со нашите украински пријатели, како што бевме јасни со нашите партнери“, изјави Мелони пред самитот на лидерите на ЕУ за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година.
- Мелони оцени дека ЕУ треба да продолжи да ѝ помага на Украина да се брани, но додаде дека Италија истовремено мора да ги штити своите граници и граѓани. Овој став јасно му го пренела на украинскиот претседател Володимир Зеленски.