Во аптеките на Зегин лани сме оставиле близу 50 милиони евра
10 октомври 2021
- Едно четиричлено семејство заболено од Ковид кое се лечеше во домашни услови трошеше најмалку 500-ини евра за лекови.
- Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.
- Зегин фарм и Моја аптека биле најуспешни минатата година, првата според приход, втората по добивка. Овие две аптеки ги поврзува уште една работа, а тоа е што имаат ист сопственик.