Вести › Набрзинка
Германија ја натера Тојота да исклучи греење кај Лексуси
-
Портпаролот на Тојота, Ралф Милер, потврди дека функцијата за претходно загревање на автомобилот додека е паркиран - бесплатна преку апликациите MyToyota или Lexus Link Plus - сега е деактивирана кај возилата со мотор со внатрешно согорување низ цела Германија.
-
Причината? Законодавците го сметаат далечинското загревање на моторот за „непотребно работење“ што создава непотребно загадување со издувни гасови, а Тојота ја оневозможиле функцијата „за да го заштитат корисникот на возилото од казни“.
-
Функцијата останува активна на чисто електрични возила и плаг-ин хибриди, каде што греењето на внатрешноста работи без да се стартува моторот со внатрешно согорување.
-
„Вашиот луксузен автомобил штотуку стана најновото бојно поле во климатските војни во Европа, каде што бирократите одлучуваат кои копчиња ќе работат во вашето возило. Вистинското прашање не е дали далечинското стартување намоторот предизвикува загадување - туку дали сè уште ги поседувате карактеристиките што сте ги купиле“, пишува Алекс Бариентос.
Британија ќе мобилизира резервисти до 65 години
- За да ги зајакне резервните воени сили, Британија ја зголемува на 65 години максималната возраст на поранешните војници што може да бидат повикани во строј. Стратегискиот резервен состав досега беше ограничен на возраст до 55 години.
- Новите правила би требало да стапат на сила од идната година.
- Новиот закон за оружени сили ги олеснува и критериумите за мобилизирање резервисти. Според сегашните правила, тие може да бидат повикани во случаи на „национална закана, вонредна ситуација или напад врз Британија“. Новиот услов ќе биде „подготовки за воени дејства“, кој сега важи за војниците и офицерите што го напуштиле воениот состав во изминатите пет години.
- „Мора активно да се подготвиме за можноста Британија да биде под директна закана, потенцијално во воено сценарио“, изјави министерот Пат Мекфаден пред пратениците. Тој ја посочи војната во Украина како „најочигледен и најитен пример“.
- Планот на лабуристичката влада е да ги зголеми трошоците за одбрана од 2,3% на 2,5% од БДП до 2027 година, што ќе чини 6 милијарди фунти. Премиерот Кир Стармер го прифати условот од Трамп и вети дека Британија до 2035 година ќе троши за одбраната 5% од БДП.