- Додека некои од нивните колеги прават годишни профити од над 100.000 евра, четворица извршители минатата година ја завршиле во минус.
- Топ 10-те извршители имале нето добивки од 78.000 до над 130.000 евра.
- Кај 95 извршители кои имале добивки, завршиле 3,4 милиони евра профит. Кај четворицата загубари, вкупната загуба изнесувала 12.630 евра.
- Легендите се викаат Александра Заринска-Дуровска, Роза Родиќ, Горан Манојлов и Игор Антевски.
- Уште пред да го добие мандатот за формирање влада, Петер Маѓар го повика унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка. На церемонијалното добивање на мандатот му се закани со притисок од Парламентот ако одбива самиот да замине.
- „Тамаш Шуљок е неспособен да го отелотвори единството на унгарската нација. Не е способен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија. Не е способен да биде морален стандард и пример за унгарскиот народ“, изјави Маѓар на прагот на претседателската палата.
- Лидерот на партијата Тиса оцени дека Унгарците на парламентарните избори во неделата не гласале за нов состав на Парламентот и за промена на владата, туку за „промена на режимот“.
- Маѓар се закани дека една од првите одлуки на неговата влада ќе биде привремено прекинување на вестите на државните радио и телевизиски станици.
- На забелешката дека замолкнувањето на државната телевизија е спротовно на законот, тој одговори: „Не ги исполнивте обврските од законот за медиуми... Кога ме обвинувате дека го кршам законот, тоа е како крадец во продавница да повикува полиција“.
- Група од 85 демократски конгресмени и сенатори предложија закон што ќе овозможи отстранување на Доналд Трамп по медицинска и политичка проценка дека тој е неспособен да ја извршува претседателската функција.
- Како повод за иницијативата е наведена заканата од Трамп за Иран: „Цела цивилизација ќе умре вечерва!“ и неговото објавување на монтажата на која е прикажан како Исус.
- Иницијативата сигурно нема да успее, бидејќи републиканците имаат мнозинство во Конгресот, а и Трамп може да ја блокира со вето. Но, може да послужи како пример ако на изборите во ноември драстично се промени распоредот во Претставничкиот дом и во Сенатот.
- Законот предвидува формирање 17-члена комисија, која ќе побара медицински преглед на претседателот за да утврди дали е ментално или физички неспособен да ги извршува овластувањата и должностите на функцијата, согласно 25-от амандман. Потпретседателот Џ. Д. Венс би морал да ги потпише наодите, со што привремено ќе го отстрани претседателот од функцијата, а по 21 ден Конгресот би морал со двотретинско мнозинство во двата дома да изгласа трајно отстранување.
- Отфрлајќи ја иницијативата, републиканците потсетуваат на менталната состојба на поранешниот претседател Џо Бајден. „Острината, неспоредливата енергија и историската достапност на претседателот Трамп се во остра спротивност со она што го видовме во текот на изминатите четири години кога демократите намерно го прикриваа сериозниот ментален и физички пад на Џо Бајден.“