- Светската здравствена организација изгласа Договор за пандемии, за да не се повторат во иднина грешките од справувањето со ковид-19. За нацрт-договорот гласаа 124 земји, а 11 беа воздржани. Деталите ќе бидат утврдени до мај идната година.
- Целта на договорот е „зајакнување на спречувањето, подготвеноста и одговорот“ на пандемии. Здравствените одлуки мора да бидат базирани на „најдобрите достапни научни докази“.
- Превентивните мерки опфаќаат намалување на биолошките ризици во лабораториите, спречување антимикробски отпор, запирање на трансмисии на болести од животни на луѓе и рутински имунизации.
- Платформата ПАБС ќе треба да овозможи брзо споделување податоци за патогени со фармацевтските компании, за да можат рано да развиваат соодветни лекови.
- Фармацевтските компании ќе треба да донираат на СЗО 10% од лековите заради понатамошна дистрибуција и да обезбедат уште 10% по „достапни цени“. Овој механизам во 2026 година ќе биде вметнат како анекс, по што земјите ќе може да го ратификуваат договорот.