- Потпретседателот Џеј Ди Венс изјави дека САД се загрижени поради воениот судир на Индија и Пакистан, но нема да се мешаат во нивната војна затоа што „во основа тоа не е наша работа“.
- „Секако дека сме загрижени кога ќе се судрат нуклеарни сили. Сакаме ова да деескалира што е можно побрзо. Сепак, немаме контрола врз овие земји. Можеме да се обидеме да ги охрабриме малку да ја смират, но нема да се мешаме среде војна“, изјави Венс.
- Индија ја почна воената операција Синдор и нападна цели во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир, како одговор на терористичкиот напад во тој регион пред две недели, кога загинаа 26 цивили. Пакистан возврати на индискиот напад.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.