Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Вангелов: „Не сме чуле никаде“ – или не сакале да слушнат?

16 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Венко Филипче изјави: „Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет.” Тоа би било помалку зачудувачко кога бугарските позиции навистина би биле нејасни, имплицитни или дипломатски прикриени. Но, тие со години се експлицитно формулирани во официјални државни документи, парламентарни декларации и позиции формално доставени до Европската Унија.
  • Не станува збор за изјави кои треба да се толкуваат, да се бараат меѓу редови или да се извлекуваат од дипломатски разговори. Тие се јавно достапни, писмено фиксирани и институционално обврзувачки. Оттука, просто е неверојатно да се тврди дека нешто не е кажано кога тоа со години континуирано се повторува на најформален можен начин.
  • Негирањето не останува само на рамниште на владини позиции и парламентарни декларации. Тоа е оперативно – вградено во конкретни механизми со мерливи последици. Македонските организации во Бугарија остануваат забранети и покрај повеќекратните пресуди на Европскиот суд за човекови права, а Бугарија не спровела ниту една од нив.
  • Граѓаните заслужуваат точна слика за тоа со што навистина се соочува Македонија. А таа слика покажува дека Бугарија не само што го негира македонскиот идентитет, туку тоа негирање го претвори во структурна алатка на условеност вградена во самиот процес на европска интеграција.
  • Оној што „не слушнал никаде“ за ова, или не ги прочитал јавно достапните документи, или свесно избрал да не ги чита. Ниту едното ниту другото не е оправдување за коментирање прашања од ваква тежина со толкава доза цинизам, ниту, пак, преправањето дека проблемот не постои ќе придонесе тој сам од себе да исчезне.
извор

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Првиот човек на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, го обвини Брисел дека го поткопува европското воздухопловство преку нееднакви давачки за јаглеродни емисии. Повисоко ги оданочува летовите во рамките на ЕУ, а ги ослободува американските и кинеските авиопревозници, иако тие испуштаат повеќе штетни гасови.
  • Според Евроконтрол, летовите на долги релации претставуваат само 6% од вкупниот број во Европа, но создаваат 53% од емисиите на јаглерод. Сепак, спаѓаат под поевтината категорија на ОН за компензација, а не во внатрешниот систем на на ЕУ.
  • Европската комисија предложи од 2029 година да ги прошири мерките врз одредени летови што поаѓаат од Европа, но тоа нема да важи за подолгите рути и летовите што пристигнуваат од САД и Кина.
  • „Урсула фон дер Лајен се плаши да направи нешто освен да зборува. Таа е бескорисна. Европа има патоказ за поголема конкурентност – тоа е Извештајот на Драги. Две години подоцна, ниту една од неговите препораки не е спроведена, а Урсула фон дер Лајен се крие во зградата 'Берлемон' и не прави ништо, освен што држи говори“, изјави О'Лири за Еуроњуз.

извор

Милиони хакерски напади врз интернет

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Фирми за кибернетска безбедност регистрирале милиони напади врз веб-страници откако беа објавени критични пукнатини во програмскиот јазик PHP на кој се потпира интернетот.
  • „Десет часа пред објавувањето на ранливоста, забележавме илјадници обиди за злоупотребување на мрежата. Таа бројка се зголеми на десетици илјади во 45-те минути по објавувањето, на стотици илјади во рок од 2 часа, а сега достигна милиони“, изјави Метју Принс, директорот на Cloudflare.
  • Додека се надградува заштитата на серверите, во прекин се многу владини, даночни, банкарски, авионски и железнички услуги од Финска до Јапонија.
  • „Тоа беше долг ден и долга ноќ, за сите што работат во информатичкиот и безбедносниот сектор. Вакво нешто не сум видел многу, многу долго време“, изјави Сатја Надела, извршниот директор на Микрософт.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Вардарова лекција среде Франција

Ракомет
2

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

3

Погодете што сега им пречи на Бугарите?

Балканштина
4

Кои денови сте затворени?

Балканштина
5

Голот на вечерта е волејот на Политано во 54 секунда

Фудбал
6

Мини(ч) порака до фундаменталистите

Видео
7

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

8

Јако мување

Балканштина
1

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

2

И Европа размислува за директни преговори со Путин

3

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

4

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Разно
5

Западот страда од безнадежност

Мислења
6

Путин прифаќа преговори со Украина и САД

7

Португалија го укинува „здравствениот туризам“

Свет
8

Пет европски земји ќе депортираат мигранти во Руанда

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За нас, инвалидите

Хумор или подебел ланец?

Комплетчето наречено Сара Шафак

Нетфликс стигна, баба се чешла

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy