- Германија и постави ултимативно барање на Русија до крајот на денот да се изјасни за понудата за 30-дневно примирје за да избегне нови санкции од Европа.
- „Часовникот отчукува. До крајот на денот остануваат 12 часа. Ако Москва не го прифати барањето (за примирје) ќе бидат покренати подготовки за нови санкции“, изјави претставникот на германската влада Штефан Корнелиус.
- „Јазикот на ултиматуми е неприфатлив за Русија, не можете да разговарате со Русија на таков јазик“, врати портпаролот Димитри Песков.
- Русија и досега не се возбудуваше многу од санкциите што ѝ ги наметнуваше Европа поради воената интервенција во Украина.
- Европските лидери во саботата од Киев побараа безусловно 30-дневнo примирје, почнувајќи од денеска. Владимир Путин возврати со предлог Русија и Украина да се сретнат на преговори в четврток во Истанбул.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.