- Од ни приближно задоволителното 1.493 место од пред шест месеци, Универзитетот Свети Кирил и Методиј денес е на 1.594 место.
- Рангирањето извршено од Шпанскиот национален истражувачки совет, ги мери научните достигнувања на вработените во Универзитетот и нивното влијание во светот.
- Ако е некаква утеха за УКИМ тој е единствениот македонски универзитет меѓу првите 3.700 универзитети во светот. Следен на листата е штипскиот универзитет Гоце Делчев кој се на 3.711-то место.
- Во комшилук, по држава, најдобро рангирани се: Националниот универзитет во Атина на 256 место; Универзитетот на Љубљана на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент охридски, на 988 место; Универзитетот на Сараево на 1.677 место,, Универзитетот на Црна Гора на 1.937 место; и Универзитетот на Тирана на 3.784 место.
- Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.
- Стуб и Сторе, кои минатата недела во Осло беа домаќини на американскиот посредник Стив Виткоф и украинскиот претседател Зеленски, истакнаа дека разговорот со Путин бил „во име на нивните земји и на никој друг“.
- Планот бил да разговараат 20 минути, но биле на линија час и половина. Сторе го опиша разговорот како „суштински, фокусиран на конкретните прашања и професионален“.
- „Тој потсети на своите ставови за тоа како се развивал конфликтот од 2014 година – а ние ги изнесовме нашите позиции. Станува збор за добро познати ставови, кои можевме да ги сослушаме и на нив да одговориме“, изјави норвешкиот премиер.
- Одговарајќи на критиките од данската премиерка Мете Фредериксен зошто не ја координирале иницијативата со европските партнери, Сторе одговори дека директно му ги пренеле своите ставови на Путин.
- „Сметам дека водењето разговори и испраќањето соодветни пораки не е погрешно. Денес до Москва допираат пораки само од американската администрација. Сега се слушаат и гласови од две соседни држави – Финска и Норвешка – кои не зборуваат во име на другите, туку... во целосна усогласеност со ‘коалицијата на оние што сакаат да дејствуваат‘, кои делат исто мислење за природата на оваа војна и за тоа како таа треба да заврши“, изјави Сторе.
- Тринаесетмина пратеници од македонското Собрание неодамна се вратија од службена посета на своите колеги од израелскиот парламент или Кнесет. Сега истите изигруваат жртви, изненадени и навредени, од, би рекла дури и срамежливите, реакции на јавноста, небаре отишле таму на шопинг, а не во име на македонскиот народ да дадат кукавичка поддршка на земја што врши окупација и хуманитарни трагедии врз палестинскиот народ.
- Навикната, просечните македонски политичари да не можат да видат ништо подалеку од Табановце и Деве Баир, а камоли да разбираат деликатни и комплицирани политички, геостратешки и империјалистички глобални односи, ќе се обидам накусо да им „нацртам“ каде биле и пред кого ја свиткале кичмата, оптоварувајќи нè и нам со нивниот срам, кој очигледно не го чувствуваат.
- Амнести интернешнел, по обемната истрага на убиствата, тешките повреди, уништувањето на цивилната инфраструктура и намерното наметнување услови што го загрозуваат опстанокот на населението, заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
- До истиот заклучок дојде и Независната меѓународна истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН.
- Досега во Газа се пријавени повеќе од 71.800 убиени Палестинци, меѓу кои најмалку 21.289 деца и над 171.000 повредени, пишува Ирена Цветковиќ за Призма.