СпејсИкс планира да собере 75 милијарди долари
3 јуни 2026
- Компанијата на Илон Маск за ракетни технологии и сателитски комуникации планира да собере 75 милијарди долари од иницијалната јавна понуда на делници (IPO).
- Таргетираната вредност по акција е 135 долари а СпејсИкс ќе понуди 555,6 милиони делници во момент кога компанијата е проценета на 1,75 билиони долари.
- Компанијата планира дури 30% од понудата да биде достапно за поединечни инвеститори. Тоа е невообичаено голема малопродајна транша наменета за искористување на култниот статус на Илон Маск и зголемување на неговото влијание во компанијата.