- Денес Македонија полни триесет и една година откако е самостојна држава. Некој ќе рече „млада ви е Републиката", а јас би рекла „светот останува на младите". Можеби Републиката ни е млада во поглед на осамостојувањето, но фактите велат дека постоела уште пред појавата на многу други држави.
- Убаво е за празници, убаво е во секое годишно време. Убаво е на зима кога одиш на Шапка, во Маврово или Крушево на скијање. Убаво е на лето кога одиш во Струга да си ја одмориш душата, убаво е на пролет кога сѐ е растурено и се чувствува живот...
- Сѐ имаме, но не знаеме да цениме.
- Германската полиција трага по исламистичкиот екстремист Абдул Б., кој синоќа со комбе влета во толпа на Парада на гордоста во парк во центарот на Берлин. Едно лице загинало, а 16 се повредени, вклучувајќи тројца во критична состојба.
- Осомничениот имал полициско досие поради поврзаност со исламистички кругови. Во мај бил пуштен од поправен дом за малолетници.
- Се истражува и дали во нападот учествувале и други лица, кои биле заедно со Абдул во комбито. Неколкумина од повредените имале рани од убоди со нож, а сведоци пријавиле дека виделе маж кој носел мачета.
- Во потрагата се вклучени службите за безбедност во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Австрија, Швајцарија, Чешка, Полска и Данска.
- Украински воени дронови погодиле ирански трговски брод во Касписко Море. При експлозијата загинал еден морнар.
- Техеран го опиша нападот како чин на агресија и објави дека ќе ги брани своите национални интереси и безбедност. Го обвини Киев дека се обидува да ја прошири својата војна со Русија.
- Шефот на дипломатијата Абас Арагчи протестирал до Обединетите нации и ЕУ и ја повика меѓународната заедница да го осуди украинскиот напад. Тој истакна дека Иран никогаш досега не интервенирал во војната помеѓу Русија и Украина.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно соопшти дека Киев постигнал „многу добри резултати“ со напади со голем дострел во Касписко Море, при што биле погодени бродови за транспорт на воен товар во кој е вклучен Иран, како и еден воен брод. Меѓу целите не го спомна иранскиот трговски брод.
- Зеленски додаде дека Русија му пренесува на Иран извидувачки сателитски снимки од Блискиот Исток за да му помогне во војната против САД.