- Ангел Сарамаков ов Велес, полицаец и човек од обезбедувањето на премиерот бил уапсен на паркинг пред хотел во Велес. Во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР а со дополнителни претреси на повеќе локации, пронајдени се и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.
- Ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „оддавање службена тајна“.
- Се тврди дека Сарамаков со службените тајни тргувал со лица од кланот Грчец.
- Тој повеќе пати бил пријавуван кај внатрешната контрола, бил деградиран, а лично се жалел и во Државната комисија за спречување дискриминација. До април 2024 при СВР Велес тој работел како виш инспектор по имотни деликти, а од април како инспектор за увиди во крим техника.
- Додека Доналд Трамп очекува наскоро да биде постигнат мировен договор со Техеран, иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи прогласи нов поредок во Персискиот Залив, без американско воено присуство.
- „Влијанието на САД се намалува од ден на ден. Она што е сигурно е дека стрелките на времето нема да се свртат назад, а нациите и земјите од регионот повеќе нема да служат како штитови за американските бази, објави ајатолахот на социјалните мрежи, во порака насочена кон муслиманските верници на аџилак во Саудиска Арабија.
- Неколку часа откако Трамп ги повика сите арапски земји плус Иран да се придружат на Аврамовите договори и да го признаат Израел, Моџтаба порача дека „Израел и неговите лидери се приближуваат кон последните фази од нивното мизерно постоење“.
- Моџтаба сè уште не се појавил во јавност од 28 февруари, кога во израелско-американски напад со проектил беше убиен неговиот татко, а тој наводно бил тешко ранет.
- Претседателот Масуд Пезешкијан издаде наредба за повторно отворање на меѓународниот пристап до интернет во Иран, по 87-дневен прекин поради војната против САД и Израел.
- Техеран го исклучи интернетот и на 8 јануари, како реакција на масовните антивладини протести, но постепено почна да го враќа, се до целосната блокада на 28 февруари, кога почнаа нападите од САД и Израел.
- Во овој период пристап до интернет имаа само малкумина Иранци со напреден софтвер што ја заобиколува државната блокадата, која не може да се пробие со користење на вообичаените VPN-мрежи.
- Во нормални времиња, пристапот до глобалниот интернет во Иран е строго ограничен преку цензура на многу веб-страници. Основните економски услуги - како што се банкарските апликации, државните SMS системи и владините портали - работат беспрекорно преку внатрешната изолирана мрежа.
- Барањата за пристап се насочуваат строго преку локални сервери, а не преку меѓународни јазли, па властите можат да ги евидентираат, следат и филтрираат сите домашни податоци.